Пруга до Бугарија ќе има во 2022 година

Bez autora
Jul 11 2013

Пругата до Бугарија, дел од железничкиот Коридор 8 треба да биде готова до 2022 година. Ќе се реализира во три фази со изградба на делниците од Куманово до Бељаковце во должина од 30 километри, од Бељаковце до Крива Паланка долга 36 километри и од Крива Паланка до границата со Бугарија. За две години треба да почне изградбата на железничката пруга од Бељаковце до Крива Паланка. Вчера во Македонски железници- Инфраструктура беше потпишан договорот за изработка на главниот проект за оваа делница со германската консултантска компанија „Обермаер“ од Минхен. Договорот предвидува во рок од две години да се изготви основен проект и да се подготви тендерската документација за избор на градежна компанија која ќе ја гради оваа делница. Изработката на проектот ќе биде финансирана со грант од ЕБОР во висина од 2,4 милиони евра.

Пруга до Бугарија ќе има во 2022 годинаПругата до Бугарија, дел од железничкиот Коридор 8 треба да биде готова до 2022 година.

Ќе се реализира во три фази со изградба на делниците од Куманово до Бељаковце во должина од 30 километри, од Бељаковце до Крива Паланка долга 36 километри и од Крива Паланка до границата со Бугарија. За две години треба да почне изградбата на железничката пруга од Бељаковце до Крива Паланка. Вчера во Македонски железници- Инфраструктура беше потпишан договорот за изработка на главниот проект за оваа делница со германската консултантска компанија „Обермаер“ од Минхен.

Договорот предвидува во рок од две години да се изготви основен проект и да се подготви тендерската документација за избор на градежна компанија која ќе ја гради оваа делница. Изработката на проектот ќе биде финансирана со грант од ЕБОР во висина од 2,4 милиони евра.

Според министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески со потпишувањето на договорот е направен уште еден чекор кон реализација на железничкото поврзување меѓу Македонија и Бугарија.

„Планирано е оваа година да се склучи договор за првата делница од Куманово до Бељаковце, а според денешниот договор, до 2015 година треба да имаме компанија и за втората делница од Бељаковце до Крива Паланка. За последната делница од Крива Паланка до Бугарија ја имаме доставено целокупната документација до Европската комисија и чекаме одобрување. Очекуваме во текот на оваа година да се распише повик за ангажирање консултантска компанија која ќе го изработи проектот за оваа делница“, истакна Јанакиески.

Претставникот од канцеларијата на „Обермаер“ во Грција, Јоханес Киру, вети дека ќе ги обезбедат најдобрите услуги по германски стандарди.

„Ќе дадеме се' од себе бидејќи знаеме колку е важен овој проект за државата и дека Европската унија работи на тоа да ја зајакне железничката инфраструктура во Македонија“, рече Киру.

Оваа делница почна да се гради во деведесеттите години, но веројатно е дека голем дел од изграденото не е во употреблива состојба. Според директорот на Инфраструктура, Ирфан Асани, голем дел од изградените објекти се руинирани, а делови од пругата украдени. Со изработката на проектот ќе се испитаат и постојната траса и мостови и ќе биде познато во која насока ќе оди адаптацијата и реконструкцијата.

Според министерот Јанакиески, првата фаза од изградбата на Коридорот 8, од Куманово до Бељаковце е многу понапред и ќе почне да се реализира од идната година. Во тек се активностите околу изборот на градежна компанија која ќе ја гради делницата. Претквалификувани се девет компании кои до 16 септември треба да ги достават своите понуди. Се очекува до крајот на годинава да биде избрана градежната компанија за оваа делница. Планирано е да биде изградена до 2017 година, а ќе се финансира со 46,4 милиони евра кредит од Европската банка за обнова и развој.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik